Денеска на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на животната средина.
Со засадување на украсна туја во паркот „ Димо Наредникот„ и паркот во населбата Точила, вработени од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, Гентерм и ВИК, го одбележаа 5-ти јуни, Светскиот ден на животната средина.
Симбиличното засадување има за цел да ги поттикне луѓето од Општина Прилеп, да ја обновуваат, зачувуваат и заштитуваат животната средина. На глобално ниво Светскиот ден на животната средина има за цел да ги охрабри луѓето ширум светот да преземаат чекори за заштита на животната средина и да водат грижа за планетата Земја, а на глобален план, се одржуваат бројни меѓународни конвенции, декларации, протоколи кои се однесуваат на животната средина.
– „Правото на чиста и здрава животна средина, е фундаментално граѓанско право чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Затоа секој граѓанин е подеднакво должен да го штити, чува и унапредува природниот екосистем. Ние како менаџмент и вработени од Гентерм и Вик, во соработка со прилепски Комуналец, секогаш ќе се стремиме за чиста и здрава животна средина. Покрај симболичното засадување на украсна туја на овој ден, кое го спроведуваме втора година, наш приоритет е селектирањето на отпадот на местото на неговото настанување во работничките хали и мензи. Со помош и обука и постојани консултации со вработените од „Комуналец“, отпадот кој го создаваме е целосно одвоен во отпад за понатамошно искористување, биоразградлив отпад, и отпад настанат при процесот на производство, кој во ниеден случај не може да е измешан со останатиот отпад. Со ваквиот принцип на работа, а согласно законските прописи, ние како Гентерм и ВИК , во целост ја испочитуваме животната средина“, потенцирааше менџментот од Гентерм.
– „Секој човек има право на здрава животна средина. Секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата. Републиката обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните на здрава животна средина“. Наш приоритет е правилното третирање и управување со отпадот, и ние како производствена дејност, се грижиме секој отпад пеи работата кој е со својство на комунален отпад да го одвојуваме од отпадот настанат при производство.Ние и понатаму ќе ги поддржуваме овие акции, кои оваа година беа по иницијатаива на Гентерм.
Покрај уставните определби за животната средина, во правниот поредок се нормирани и повеќе прописи кои ги регулираат заштитата и унапредувањето на животната средина. Законот за животната средина, Законот за заштита на природата, Законот за водите, Законот за заштита од бучава во животната средина, Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, Законот за управување со отпадот, се дел од овие прописи.
-„Неопходни се и поголема соработка и координација помеѓу централната и локалната власт, помеѓу локалната власт , јавните претпријатија, бизнис секторот и граѓаните. Ние сите заедно како чинители на општествените случувања потребно е да организираме повеќе зеднички средби, акции за задување и чистење на средината во која живееме, се движиме или работиме. Само преку комуникација и едукација ќе го навикнеме населението правилно да се однесува спрема животната средина. Не можеме ние да исчистиме толку, колку несовенсните прават штета на животната средина. Не можеме ниту да се бориме со несовесните граѓани кои преку ноќ ги крадат, или уништуваат растенијата низ градов. Ни , наше е да бидеме упорни, а верувам дека еден ден се ќе си дојде на свое место, најверојатно ни е потребен поголем период за правилни навики и култура на однесување и живеење„ , истакна в.д.директорот Ирена Станковска.
Светскиот ден на животната средина е креиран од Генералното собрание на Обединетите нации во 1972 година на првиот ден од Конференцијата на ОН за животна средина, а се прославува од 1974 година во повеќе од 140 земји во светот.