Се доуредува кејот на Дабнички канал

По рамнењето и засадувањето со дрвја од едната страна по кејот на Дабнички канал, се рамни и уредува другата страна од кејот. „Комуналец“ и во овие тешки времиња продолжува со активности со цел да даде свој придонес во заштита на животната средина и овозможување на ѓраѓаните да живеат во здрава средина. Овој дел од градот со години претставува место каде во каналот се исфрлаат големи количини на отпад.

Со уредувањето и оплеменувањето на просторот од „Комуналец“ се надеваат оваа лоша практика со неконтролираното исфрлање на отпад од несовесните граѓани да прекине.

Можеби ќе ви се допадне