Јавното претпријатие „Комуналец“, започна парцијална реконструкцијата со замена на травертин плочки во Старата чаршија
Во соработка со Локалната самоупрва, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, започна реконструкција со замена на старите дотраени и искршени травертин плочки со нови. Моменталната состојба со поплочениот дел во чаршијата е во крајно лоша состојба, посебно околу споменикот на Итар Пејо, каде во моментов се вршат градежните работи, а пролетва, комуналците ќе вршат повеќе реконструктивни зафати на делови од плоштадите и парковите.
„Комуналец“, изминативе два месеца, односно, онолку колку што дозволуваа временските услови, работеше на реконструкција на бекатон плочки и замена на ивичници во населбите Точила, Димо Наредникот и во центарот на градот.
Реконструкција на поплочени патеки и плоштади со замена на мермерни, гранитни и травертин плочки „Комуналец“, нема извршувано од 2016 година.