Од рано утрово комуналците се на терен и се чистат сите пешачки патеки низ централното градско јадро, но и сите тротоари низ градов.
Најнапред, а според Програмата за работа во зимски услови се исчистија сите сливни подрачја од атмосферската канализација за да не дојде до нивно замрзнување и водата од топењето на снегот да истекуваат непречено. Потоа се исчистија сите приоди на пешачките премини, каде има најголем проток на луѓе, но и мостовите каде движењето е најотежнато заради брзото мрзнење на снегот. По ова комуналците пристапија кон чистење на сите патеки низ центарот на гладот и тротоарскиот дел по главните сообраќајници. Се исчистија и патеките низ сите паркови, а најголемо внимание секако е посветено и на чистење на Паркот на револуцијата, каде во попладневните часови се очекува и поголема посетеност на младата популација.
Снегот се чистеше и од украсните зимзелени растенија и грмушките заради неговата влажност кој може да биде причина за нивно кршење.
Секторот за подигање и транспортирање на отпад пак, непречено беше на терен и сиот отпад од контејнерите поставени по јавно прометните површини и куќниот отпад беа подигнати.
Според информациите од терен од силниот ветер и невремето кое го зафати градов во ноќните часови, нема оштетувања на дрвјата и комуналната инфраструктура.
Некои од медиумите објавија дека градот не е прооден за пешаци. Со ова ги информираме, а информацијата е доставена и до сите локани медиуми, дека Комуналец од рано утрово создаде услови за движење согласно Планот за работа во зимски услови, кој предвидува приоритети, според степенот и ризикот од подмрзнување, процент на проток на луѓе и стоки и други параметри.
Фотографиите говорат дека прилепски „Комуналец“ неможе ништо да го изненади, кога се работи за организација на работа и доверената задача.