Прифатилиштето за кучиња организира Трибина на тема: Бездомни кучиња, едукација и информирање.

По тој повод, ве покануваме на настанот кој ќе се одржи на 13 декември, во 18 часот, во големата сала од Општина Прилеп

Според годишниот план на активности во 2019 година, што Прифатилиштето при Ј.К.П. “Комуналец” го достави до Агенцијата за храна и ветеринарство за решавање на проблемот со бездомни кучиња, ќе се одржи Трибина за едукација и информирање.

Тоа е само една мерка од планираните активности за информирање и потенцирање на одговорно сопствеништво на домашни миленици, поттикнување на вдомување на бездомни кучиња и правилно постапување со животните.
– Запознавање со Прифатилиштето и негово функционирање
– Одговорно сопствеништво
– Микрочипирање
– Основна здравствена заштита на куче;
– Кастрација и Стерилизација
– Вдомување
– Правилно постапување со куче скитник

Решение за проблемот со бездомни кучиња
– Спроведување на законските мерки и казнување на прекршителите
– Едукација
– Стерилизација и Кастрација

Учесници:
Ирена Станковска – Директор на ЈКП “Комуналец” Прилеп
Мариноски Никола – Директор на Ветеринарна клиника Прилеп
Тања Барлакоска – Доктор по ветеринарна медицина во Прифатилиштето за бездомни кучуња
Галоски Игор – Доктор по ветеринарна медицина во СОУ “Орде Чопела” Прилеп
Јане Ралоски – Доктор по ветеринарна медицина во Ветеринарна клиника Прилеп
Марија Секулоска – претставник од Ветеринарна клиника Прилеп
На Трибината ќе земат и учество ученици од СОУ “Орде Чопела” од профилот ветеринарен техничар со свои мислења
Ќе ни биде чест и вие да присуствувате.

Со почит,
ЈКП “Комуналец” Прилеп

Можеби ќе ви се допадне