Прифатилиште за кучиња и во 2020, активни на терен за воспоставување контрола на популацијата на бездомни кучиња

Прифатилиштето за кучиња при ЈКП „Комуналец” и во 2020 година ќе ги извршува планираните работи и препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство, и тоа : заловување на сите кучиња кои се наоѓаат на јавни површини без сопственик според тригодишна програма чија главна цел е воспоставување контрола на популацијата на бездомни кучиња во Општина Прилеп.

Прифатилиштето при Ј.К.П. „Комуналец” работи според Програмата за 2020 година во услови кои ги предвидел законодавацето за изградба на објекти од ваков карактер и извршува:
-Теренска контрола,
-Соработка,
-Информирање,
-Поддршка,
-Пријава за злоупотреба и занемарување на домашните миленици,
-Заловување на бездомни кучиња и кучиња затекнати на јавни површини без сопственик,
-Здравствена заштита на бездомните кучиња,
Идентификација и регистрација, односно Микрочипирање на бездомните кучиња,
-Спречување на ширењето на заразни и паразитарни болести,
-Едукација за правилно постапување со бездомните кучиња,
-Вдомување на кучиња со целосна здравствена заштита

Апел до сите граѓани да соработуваат со тимот на заловувачи и истовремено да пријавуваат неодговорно сопствеништво, односно, нечипирање, невакцинирање и неодговорно чување на кучињата.
Задолжителното чипирање на домашните миленици, односно кучиња и мачки е законска обврска на секој сопственик. Апелираме сопствениците да ја исполнат законската обврска за идентификација и регистрација и вакцинација против беснило на своите домашни миленици.

Според член 27 Став 3 од Законот за заштита и благосостојба на животните, кучињата кои се на јавно место треба да бидат врзани на поводник, освен кога се на јавни места каде е дозволено кучињата слободно да се движат во придружба на нивните сопственици.

Можеби ќе ви се допадне