Почитувани вработени во ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, и почитувани доброволци

Директорката Ирена Станковска, од нејзино лично име изразува благодарност и почит кон сите Вас, кои несебично, сплотено и пожртвувано изминативе недели учевствувавте во гаснењето на пожарите во Лопатица, Подмол, Тројаци и Плетвар, Рилево и Зрзе,.


Посебна благодарност за денешната Ваша ангажираност и брза организација и интервенција во гаснењето на пожарот во с. Селце и локализирање на пожарот на 30 метри од манастирот СВ„Димитрија3 како и целодневна ангажираност по падините од Селечка планина, и борба со огнените јазици кои голтаа се пред себе.


Изразуваме и благодарност кон Територијалната противпожарна служба и Општинскиот кризен штаб за планската и организациона поставеност на нашите вработени при гаснењето на пожарите, а со тоа и заштита на нивните животи.


„Комуналец“ како претпријатие од јавен интерес, покрај врвната услуга која ја овозможува на своите граѓани, секогаш учествува во давање на помош од различен карактер. Со тоа ја покажуваме уште еднаш нашата заложба дека Јавното претпријатие е од граѓаните и за граѓаните. Иако секојдневно од утро до мрак, секој ден, учествуваа голем број на вработени во гаснењето на пожарите, и бдеење над жариштата, не дозволивме во ниту еден момент да ги запоставиме услугите од јавен интерес кон граѓаните. Се надеваме дека граѓаните ќе имаат разбирање, почит и благодарност кон вработените од „Комуналец“ кои никогаш не се штеделе, туку давале се од себе, секогаш кога била побарана било каква помош од нив.

Да го цениме нивниот труд, со почит и респект.

Со почит,
ЈКП„Комуналец“ – Прилеп

Можеби ќе ви се допадне