По синоќешното невреме, комуналците денес со полни раце работа

Утринава екипи на „Комуналец“ делуваа и во приватни имоти, иако тоа не е обврска на комуналното претпријатие, со цел да помогнат на оние кои настрадаа во синиќешното невреме. Од куќа во населбата Рид, се одстрануваше голем бор кој паднал врз покривот.

Огромниот бор паднал врз покривот од соседниот двор. Од Комуналец и понатаму апелираат до граѓаните, совреме да ги сечат големите дрвја во дворовите која е обврска на грѓаните, а истите секогаш претставуваат потенцијална опасност по имотот и животот на жителите. Доколку граѓаните имаат насадено дрво на јавна површина, пред дворовите, истите се должни да се обратат до Комисијата за сечење дрвја во Локалната самоуправа, по што ќе се издаде налог до „Комуналец“, за негово целосно одстранување.

Иако силниот ветар проследен со дожд траеше само 15-ина минути, направена е штета низ градов, посебно на дрвјата. Екипи на „Коомуналец“ уште синоќа на повик на организаторот на фестивалот делуваа во центарот на градот, каде имаше искршено дрвја од младите насади во паркингот кај ЦК„Марко Ценеков“. Поголеми оштетувања не се забележани во централното градско подрачје, освен по некоја скршена гранка од дрворедите. Од надојдените води се поплавија и дел улици низ градов, а повторно наноси од песок и чакал има во населбата Тризла. Иако сите улици во градов пред Пиво фестот беа темелно исчистени и измиени, комуналците по врнежите ги очекува повторна генералка.

Можеби ќе ви се допадне