МОГИЛА НИЗ ФОТО
Зеленило, ладовина, чиста вода, прекрасен поглед на градот, бесплатни топли напитоци и појадок, туш кабини и беспрекорна гостопримливост, ќе имаат камперите кои ќе се одлучат четирите фестивалски денови на пивото да ги поминат во Прилеп.
За фестивалот на пивото, камперите ќе уживат во паркот на Могилата, каде на посебно обележан терен, во паркот – шума, во сенките, на беспрекорно чист и тревнат терен, ќе бидат сместени љубители на кампувањето. За хигиената, услугата и информациите кои треба да ги добијат камперите, заеднички ќе се грижат комуналците и вработени од Општина Прилеп.
На комуналците останува да овозможат чист и уреден терен на Могилата за време и после завршувањето на „Пивофест 2019“, обврска која во целост ќе ја исполнат.