ОТЧЕТ НА СРАБОТЕНОТО

ОТЧЕТ НА СРАБОТЕНОТО

за период 7.01.2019 до 31.10.2019 година

од

в.д директор Ирена Станковска

 

6.11.2019

 

Во тек е реализација на Проектот БИОРЕАЛ со кој ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, набави комунално специјално возило од марката ИВЕКО од 7м3, за потребите на одделенито за селекција на отпад. Вредноста на возилото е 61.000 евра и е ставено во употреба. Новото комунално возило во многу ќе го олесни собирањето и транспортот на сите видови на рециклирачки материјали од домаќинствата, зашто од пооадамна комуналното претпријатие нама набавено ново возило, а возниот парк е застарен со чести дефекти и поголема потрошувачка на масти и мазива.


Од проектот „БИОРЕАЛ“ до крајот на месец ноември ќе се испорача автоматската преса за пресирање на сите видови отпадни материјали со перфоратор за дупчење од економскиот оператор ,,Трефоил,, во конзорциум со „Еко клуб“, а ќе биде изработена според модел и потреби на ЈКП„Комуналец“ во српаската фабрика за производство на машини за преработка на отпадни материјали ,, Банк Про,,. Финасиаката вредност на автоматската преса е 63.000 евра.


Во месец октомври „Комуналец“ набави уште два нови трактори за подигање на отпад од јавно прометните површини и подигање на габаритен отпад од домаќинствата во вредност од 21 илјада евра.


Изградено е детско игралоште во паркот на Могилата. Паркот содржи детски реквизити, нови клупи и корпи за отпадоци, песочни базени за најмладите. Детското игралипте е изградено во соработка со Пакомак, и донирано на град Прилеп, во изборот за најдобар Еко градоначалник.


Во тек е изградба на парк со спортско рекреативни терени во Ерековци. Теренот за мал фудбал ќе биде тревнат, во склоп на паркот ќе има и игралиштете за одбојка. Паркот ќе опфати детски реквизити за забава, и урбана опрема.


Комуналец инвестираше и во реконструкција на старите канцеларии од поранешниот „Комуналец“, кога заеднички функционираа повеќе дејности, а кои беа руниирани. Канцелариите се комплетно преуредени. Извршено е премалтарење на зидовите, воведено нова електрична и водоводна мрежа, нови внатрешни врати и прозори, поставен е нов ламинатен под со хортикултурно уреден двор. По 15 години, вработените за прв пат добиваат простор достоен и пристоен за работа. Инвестицијата за реконструкција на канцелариите е со вредност од 2.834.964 ден.


За прва пат е инвестирано во спроведување на технолошка вода на старите градски гробишта. Оспособен е бунарот и набавена и поставена е нова пумпна станица. Поставени се неколку чешми за потребите на граѓаните. Инвестицијата е 130.000 ден.


Инвестирано е и во поставување на технолошка вода на Новите градски гробишта, поставување на пумпна станица на бунарот за технилошка вода. Инвестирано е и во ископ за линија и поставување на чешми на питка вода. Поставени се и нови мостови на ободните канали и комплетно исчистени се ободните канали. Инвестицијата е 200.000 ден.


Оспособени се 9 бунари за технолошка вода, воведени се нови шахти и линии и поставени се нови пумпни станици, со што за полевање на парковите овозможени се доволни количини на технолошка вода.


Ископана е и поставена линија за технолошка вода во парковските површини, станбен блок Ѓогдере, со што е овозможено овие парковски површини да се полеваат. Планирано е на овие парковски површини да се изврши рамнење, каде што е потребно засејување на нова трева, изведба на бекатон патеки и поставување на урбана опрема.


Набавени се 1200 корпи за селекција на отпад со вредност од 1.062.000 ден. Кантите се распределуваат во градот, но опфатени се и неколку населени места во кои досега се подигало отпад, а не се наплаќало. Комуналец работи на активно вклучување на населението од руралните средини за вклучување во процесот на селекција на отпад.


Инвестирано е во набавка на контејнери за мешан отпад. Набавени се 20 контејнери со вредност од 283.200 ден и 5 контејнери од 5м3 за потребите за правилно третирање на градежниот шут со финасика вредност од 153.400 ден.


Со млади уметници од ЦСЛУ и доброволци аматери континуирано работиме на подобрување на визуелниот изглед на контејнерите. Оваа акција со која се изразува уметноста врз контејнерите ја насловивме како „Радоста на градските контејнери“


Кога сме кај правилното третирање и управувањето со отпад воведена е нова линија секој четврток за подигање на габаритен отпад од домаќинствата. Ова е една новина која ја воведе Комуналец и која наиде на големи потреби од одлагање на ваков вид на отпад, но и пофалби од граѓаните за спроведувањето на оваа акција.


Поставени се нови клупи и корпи за отпадоци во централното градско подрачје и во паркот на Могилата во соработка со Локалната самоуправа.


Поставен е нов мост на езерото во паркот кај судот. Обновени се клупите и извршено е комплетно хортикултурно уредување на овој парк.


Вложуваме во хортикултирното уредување на градов. Посветуваме внимание на есенското и пролетното уредување на парковите и жардењерите со засадување на цветен расад.


Со пролетната акција засадени се 400 садници зимзелени растенија од соратата Туја. Опфатени беа центарот на градот, Могилата, паркот кај судот, Точила, Новите гробишта и на други локации.


Исчистен е Дабнички канал на потегот од вливот во градската река до мостот кај касарната и поставена е преливна рампа за собирање на отпадоци. Каналот најпрво е исчистен со механизација од тиња и отпад, а потоа пристапено е кон рачно чистење и на зидовите и остатоците од Дабнички канал. За прв пат овој канал е комплетно чист и планирано е во иднина редовно да се одржува.


Вршиме редовно одржување на дрворедите и дрвјата во градов и се води грижа да се продолжи нивниот век на траење.


Најголемо нимание посветивме на чистење на дивите депонии. Во 9 месеци исчистени се следниве депонии:

– Дива депонија на патот за езеро – 250 м3
– Чистење подвозник Салида – 150 м3
– Депонија ОУ „Гоце Делчев“ – 50 м3
– Депонија Градинка „Гоце Делчев“ – 30 м3
– Депонија над населба Точила, Козле – 60 м3
– Депонија над ул„Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – 250 м3
– Депонија кај Пелагонија транспорт – 30 м3
– Депонија железничка станица – 50 м3
– Депонија зад Могила – 250 м3
– Чистење депонии низ населба Вишне – 130 м3
– Чистење зад касарна на крај од ул„Ердован Шабаноски“ – 300 м3 уште толку има за подигање.
– Чистење запуштена зграда кај Центарот за церебрална – 130 м3
– Чистење депонија над ул „Петта Прилепска“ – 300 м3
– Чистење на 20 помали депонии низ градов – 150 м3
– Чистење низ населба Жабино мало- 120 м3
– Чистење пред и околу Работнички универзитет – 250 м3
– Чистење дива депонија на ул „2 ри август“ – 100 м3
ВКУПНО: 2.350 м3


Континуирано вложуваме во опрема и медицински потреби во Стационарот за кучиња скитници.

Во Стационарот се вработени 4 лица, доктор – ветеринар, двајца техничари ветеринари и еден заловувач на кучиња.

Стацинарот за згрижување на кучиња скитници прави и материјални годишни трошоци. Здравствена заштита на едно женско куче е 4851 ден. плус заловување 900 ден.Здравствена заштита на едно машко куче е 3435 ден. плус заловување 900 ден.

Кастрација на машко куче е поедноставен, полесен и побрз оперативен зафат, а со тоа и пониска цена од Стерилизација на женско куче и од тука е разликата во вкупната цена.

Програмата вклучува:
– Чипирање
– Тест за Лајшманиоза
– Дехелминтизација (третман против внатрешни паразити) 
– Кастрација/Стерилизација
– Вакцинација против Беснило
– Ушна маркица 
– Вдомување (вдомувањето не се наплаќа)

Со ваквата Програма се постигнува:
– намалување на бројот на скитници (бидејќи тие се вдомуваат, досега се вдомени 50% од заловените кучиња) 
– спречување на размножување, лутање и агресивност
– важна алка во спречување на беснилото е масовната вакцинација против беснило
– Поттикнување на вдомување и спасување на кучиња 

Во 2019 година до месец август заловени и комплетен третман е извршен на 78 машки кучиња и 62 женски кучиња. Со оглед што 2019 година беше прва година во која се врши целосен третман на кучињата и работата е во постојана евалуација, за 2020 година предвидуваме под здравствена заштита 220 машки кучиња и 200 женски кучиња.

Годинава се извршени обуки за пристапување и третман на кучиња скитници во сите Основни училишта во градов. Обуките и предавањата ги планираме и за 2020 година во сите среди училишта.


Селекција на отпад и управување со мешан комунален отпад.

Комуналец врши услуга на 20.871 домаќинство, 724 правни субјекти, 698 услужни дејности и дуќани и 32 училишта и верски објекти.

Со цел да се овозможи најбезбедно и најекономично собирање и транспортирање на комуналниот и другиот неопасен отпад на територијата на општина Прилеп, од местото на неговото создавање, до местото на неговото отстранување, воспоставена е организациона интегрирана шема за собирање, транспортирање и депонира-ње на комуналниот отпад и другите видови на неопасен отпад. Интегрираната мрежа претставува систем на објекти и инсталации, како и систем на постапки за управување со отпадот, меѓусебно поврзани на начин со кој се овозможува намалување на количините на создаден отпад, повторно искориствање на употребливите состојки на отпадот како и исполнување на обврските за селектирање, собирање, транспортирање и депонирање на отпадот.

Континуирано вложуваме во селкцијата на отпад. До 10 месец, Комуналец инкасирал 6.278.153 денари. Проблем во овој дел е што секојдневно бележи пад берзанската цена на отпадната хартија, додека останатите рециклирачки материјали некои бележат пораст некои со години ја држат цената. Во овој дел ние не сме можни заради тоа што на светсно ниво овие отпадни рециклирачки материјали се контролирани со берзанска цена.

Доколку се гледа приходот, тој не ја одразува вистинската слика, зашто покрај заштитата на животната средина која е наша законска обврска, тука не е пресметана и заштедата на гориво до депонија Алинци. Селектираниот отпад во основа е габаритен отпад, и доколку не се селектира на местото на неговото настанување, неопходно е да се трошат финасиски средства во транспорт до депонија Алинци која е одалечена 13 км од градов или 26 во двата правци.


Инвестиции во 2019 до 10 месец од ЈКП„Комуналец“ – Прилеп

– Основни средства – 6.597.940 ден.
– Капитални инвестиции – 2.834.964 ден.
ВКУПНО : 9.432.904 ден.

Овде треба да ја додаеме инвестицијата која е донација од ИПА за комунално возило и автоматска преса во износ од 7.626.000 ден.


Исплатени обврски во 2019
– К-15 и Новогодишни награди за 2016 и 2018 – 9.023.146 ден.
– Јубилејни награди – 786.000 ден.
– ДДВ-редовно се плаќа – 4.643.082 ден.
– Данок од добивка – 3.809.614 ден.
ВКУПНО: 18.261.842 ден


Тековни обврски и стари обврски за плаќање
– Обврски кон доверители – 11.886.390 ден.
– Старо ДДВ со рок на отпата по Договор до 2023 – 25.330.213 ден.
– Заостанати обврски за К-15 и Новогодишна награда-11.000.000 ден.
ВКУПНО: 48.216.603 ден.

Можеби ќе ви се допадне