Kомуналците засадауваа дрвја во паркот шума на Могилата

Денеска, комуналците продлжија со засадување на дрвја на потегот позади споменикот Жена борец, во паркот шума на Могилата. Се засадија дрвја од видот црвен даб, јавор и бела бреза.

Со оглед на тоа што поголемиот дел од дрвјата на Могилата застаруваат, потребно е нивно обновување, но и зголемување на зеленилото. За напролет, планирани се нови рекреативни и забавни содржини во овој парк, како и збогатување на хортикултурата.

Можеби ќе ви се допадне