Како што доликува за празник генералка на населбата Варош

За Голем петок со поголема ангажираност на комуналците комплетно се исчисти населбата Варош.

Се искоси и уреди патеката Карли Марко, која води од церката Св„Димитрија“ до манастирот Архангел Михаил, искосени и исчистени се сите улици и патеки низ населбата.

Голем број на прилепчани и гости од сите краишта доаѓаат на Света Литургија и на заедничка дружба за овој Голем ден.

Комуналците како и секоја година со поголема ангажираност ја светнаа населбата, со цел прилепчани и варошани да се покажат добри и чисти домаќини.

 

Можеби ќе ви се допадне