ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, со засилени екипи од паркови и зеленило и за подигање на отпад, прават генералка на патот кој води накај езеро и населбата под касарни. Иако пред два месеци беше исчистена дивата депонија на местото каде завршуваат куќите, несовесни граѓани повторно исфрлаат отпад на истата локација.
Воедно, од мостот пред касарни и по патот накај езеро, искосени се сите тревнати површини, а одстранети се дивите грмушки и шипови. Направено е темелно чистење и на парковските површини во населбата.