При крај е чистењето на Градската река од мостот кај населбата Димо Наредникот, до железничкиот мост. Канализирано е речното корито на долниот дел од реката, каде на дел од реката има камено корито и водата од Градската река веќе го има својот тек.
Додека се реши состојбата со проблемтичниот дел од речното карито направен е и насип, кој треба да штити од поплави.
Останува на комуналците наредниве денови до депонијата во Алинци да транспортираат огромни количини на отпад, тиња и мил, од десната страна на коритото.