Orde Jovanoski

den-zemja-07

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, со неколку активности се вклучува во одбележувањето на Светскиот ден на планетата Земја

Акцијата за чистење на дивите депонии, која во континуитет ќе се одвива околу еден месец, ЈКП„Комуналец“ - Прилеп и Локаланата самоуправа, ја посветуваат на вчерашниот ден. Светскиот ден на планетата Земја. Во светот, а и кај нас, се организираат бројни оперативни и едукативни настани, преку кои се упатуваат пораки за заштита на животната средина.

Чистењето на дивите депонии започна од најризичната дива депонија кај надвозникот на излезот за Битола минатата недела. Иако комплетно исчистена, несовесните граѓани и градежните фирми и понатаму си погруваат со природата. Купишта земја, градежен шут, разноразен комунален отпад, огромни бетонски блокови и столбови се исфрлаат на оваа локација.

Директорот, Звонко Јованоски, по повод Светскиот ден на планетата земја, упати апел до сите жители на општинава, до градежните фирми и бизнис секторот, да се вложат заеднички напори во зачувувањето на животната средина. Посебно упати апел до Инспекторатот, да се заложи со зачестени контрили и активирање на сите човечки ресурси и да се спречи оваа неубава појава со неконтролирано истурање на инертниот отпад. Јованоски, истакна дека депонијата Алинци е отворена за одлагање на градежен шут, освен отпадот кој е со ознака опасен отпад, и во текот на денот истиот транспортиран отпад ќе биде евидентиран на влезот и одложен на депонијата Алинци.

Покрај овозможениот влез на депонијата Алинци со приватно транспортно возило, на располагање на граѓаните и градежните фирми им се контејнери од 5м3, кои по нарачката се доставуват во рок од 1 час, посочи Јованоски.

Воедно, Јованоски додаде дека Прилеп, располага со над 230 илјади метри квадратни парковски површини, со многу зеленило, кое во континуитет се одржува, и непотребно фрлените пари за чистење на диви депонии, можат да се насочат во создавање на нови зелени површини и хортикултурно уредување на градот.

По чистењето на дивата депонија кај надвозникот на излезот за Битола, на која се натрупани над 350м3 инертен отпад и комунален отпад, ќе се продолжи со чистење на дивите депонии над касарната Мирче Ацев, Заполшки мост, патот спрема Оревоец, над населбата Кузман, патот за Маркова чешма и Ленишки мост, од левата страна на патот спрема езеро, и во населбата Тризла на повеќе локации.

Во 2017 година само на депнонијата Алинци се одложени 3.228 тони градежен шут и 323 тони неупотреблива земја, од вкупниот отпад однесен на депонијата или 26.500 тони комунален мешан отпад одложен на депонија.

 

Табеларен приказ на поголеми лоцирани диви депонии

Околу касарна “Мирче Ацев“ од кај улицата Ердован Шабаноски

300

м3

Надвозник “Салида“

350

м3

Заполшки мост

40

м3

Пат спрема Ореовец

100

м3

Населба “Кузман“

30

м3

Патот за “Маркова чешма“ и “Ленишки мост“

200

м3

Патот спрема вештачко езеро, лево

400

м3

Нови гробишта, обиколен пат за манастир Трескавец

450

м3

Населба Тризла, недефинирано на повеќе локации

   

park-saat-01

Обновување на паркот кај Градскиот саат

ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, продолжува со своите активности за уредување на парковите во центарот на градот. Моментално, комуналците работат на обновување на тревнатиот дел во паркот кај Градскиот саат. Парковите во центарот на градот се обнивуваат заради застареноста на тревата, уништување и изгинување од високите дрвја и невнимание од несовесните граѓани.

bunar-5prilepska-03

Издупчен нов бунар за технолошка вода на ул„Петта прилепска“

Со издашност од 7 литри вода во секунда и на длабочина од 90 метри, деновиве е издупчен нов бунар на ул„Петта прилепска“.

Бунарот е ископан за потребите на паркот и населбата Марино маало, кој е со површина од 10 илјади метри квадратни.

sela-kanti-01

Канти за селекција на отпад и во населените места

1073 канти за слекција на отпад со вкупно 582 корисници изминатиов период ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, распредели во населените места: Ерекеовци, Беровци, Алинци, Кадино село, Галичани, Тополчани, Веселчани, Загорани, Ново Лагово Старо Лагово и Селце. Или, вкупниот опфат на наслението со со канти за селекција на отпад е околу 96%. само мал процент од жителите или 4% не се вклучиле во селекцијата на отпад со акцијата за распределба на канти за селекција во населените места.

Распределувањето на кантите за селекција на отпад е на доброволна основа и во градот и во населените места. Според податоците со кои располага ЈКП,, Комуналец,, -Прилеп, во градот се распределени се 16. 703 канти за селекција, или процентот на опфат е 68 %. Додека во контејнерскиот дел по ЈПП, институции, згради и станбените блокови опфатот е 100%.
Во наредниов период планирано е да се продолжи со распределба на канти за селекција во градот и во населените места, се додека насленито во целост ја прифати примарната селекција, која е и законска обврска на секоја општина.

СЕЛА
- Распределени 1073 канти за куќна селекција со вкупно 582 корисници на услуги.
- Ерекеовци, Беровци, Алинци, Кадино село, Галичани, Тополчани, Веселчани, Загорани, Ново Лагово Старо Лагово и Селце.
- 96% покриеност во населените места

ГРАД
- Распределени 16.703 канти за куќна селекција со вкупно 8. 918 корисници на услиги кои селектираат отпад.
- 68 % покриеност со куќна селекција, таканаречениот модел врата до врата
- Вкупно набавени канти - 18.261
- 100% покриност со контејнерска селекција во станбените блокови, згради, институции, Јавно прометни површини.

mesan-otpad-kontenjeri-01

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, набави контејнери за мешан комунален отпад

Комуналец, започна со менување на постоечките застарени контејнери за мешан комунален отпад од централното градско подрачје.

Ќе се замнеуваат контејнерите и во неколку населби каде е забележано оштетување и застареност на истите . Со ова ќе се подобри услугата кон граѓаните, но и визуелниот изглед.

Комуналец, располага со 472 контејнери за мешан комунален отпад, распределени по ЈПП, институции и низ станбените блокови.

polni-kontenjeri-04

АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ

Контејнерите по Јавно приметните површини се поставени за дуќаните и помалите бизниси, а по некаде и за станарите од зградите.

И покрај тоа што, Комуналец, редовно ги подига контејнерите во текот на денот, а одредени релации се подигаат и по два пати, несовесните граѓани исфрлаат купишта отпад до истите. Сиот отпад без разлика на количните, освен градежниот шут го подига Комуналец , согласно Интегрираната шема, еднаш неделно. Несфталиво е зошто граѓаните се мачат, го носат отпадот до контејнерите, кога на истите им се врши беспрекорна услуга со подигање на отпад од домовите.

mienje-ulici-03

Миење улици

treva-basenje-08

Се доуредува со трева центарот на градот

Завршуваат активностите за уредување во централното градсо подрачје со баз трева.

Изминатиов период комуналците посветија поголемо внимание на делови од парковите каде беше уништена тревата од несовесни граѓани или оштетена и застарена.

Со оглед на високите температури кои ќе следуваат во наредниов период со постилање на баз трева во останатите паркови ќе се продолжи наесен.

reka-kosenje-03

Второ косење на зелените површини во Градската река

Со оглед на влажноста која ја има во текот на целата година, зелените површини во речното корито одсекогаш претставувале еден од поголемите проблеми на комуналците.

Започна и второто косење на градската река од мостот кај населбата Димо Наредникот, до вливот на Дабнички канал. По ова, ќе се продолжи со косење по канализираниот дел накај градскиот базен, и од мостот кај насебата Димо Наредникот до мостот на ул„Трајко Николоски“.

Граѓаните во овој период од годината треба да имаат разбирање за комуналците, зашто имаат преголеми обврски со косење низ целиот град и Градските гробишта. Комуналец, со цел да излезе во пресрет на граѓаните, работи и коси во места и населби кои не се по Програмата за одржување, а кои, се на финасиско оптоварување на Комуналец и со материјални трошоци и човечки ресурси.

povtorno-necisto-01

Само една недела по чистењето, Дабнички канал затрупан со отпад

Не поимина ни една недела од чистењето на Дабнички канал,а во него, и по горниот дел од коритото е расфрлано купишта отпад. Од ЈКП„Комуналец“ - Прилеп, апелираат до граѓаните и ги замолуваат, сиот отпад без разлика на количните, освен градежениот шут, го подига Комуналец од пред домовите. Со ваквото однесување се прави дополнителна работа на комуналците и финасиски терет на општината.

Инаку, Локалната самоуправа со логистика од комуналците, пред една недела комплетно го исчистија каналот, за што беше ангажирана градежна механизација и тешки теретни возила.