Општина Прилеп, продолжува да ја развиваме соработката со Кралството Шведска, со јасна цел, досегашната поддршка да ја надгради со нови инвестиции, современи решенија и проекти што ќе донесат долгорочни придобивки за Прилеп.
Денеска во Прилеп го пречекавме амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, заедно со заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, и претставникот на шведската асоцијација SALAR.

На работната средба помеѓу градоначалникот Дејан Проданоски и г-динот Ола Сулстром, и замени министерот Лашкоска, се разговаравше за досегашните резултати од соработката, поддршката што општината и ЈКП„Комуналец“- Прилеп ја добиваат од Амбасадата на Шведска, Министерството за животна средина и просторно планирање и SALAR, како и за можностите за нејзино проширување во наредниот период.
Ова партнерство веќе има видлив придонес во унапредувањето на процесите за управување со отпад во Прилеп.
Поддршката се однесува на воспоставување современ систем за селекција, собирање и третман на отпадот, развој на потребната инфраструктура, но и подобрување на оперативните капацитети на јавните претпријатија, вклучително и обновување и модернизација на возниот парк и опремата. Тоа се чекори со кои се градат поефикасни комунални услуги и повисоки стандарди за заштита на животната средина.

Во рамки на посетата, се посети платото за селекција на отпад и новото собирно место за текстилен и електронски отпад. Инвестициите се важен дел од системот што го воспостави општината и потврда дека Прилеп прави сериозни исчекори во оваа област, со амбиција да биде пример и за другите општини.
Со подршка на Салар интернационал се разгледуваа можности за користење на меѓународните фондови, обезбедување дополнителни финансиски средства и подготовка на нови проекти.

Како добар домаќин, градоначалникот Проданоски ги запозна гостите со дел од историското и културно наследство на Прилеп, со посета на манастирот „Трескавец“ и Музејот на тутунот.
Благодарност до Амбасадата на Кралството Шведска, SALAR и Министерството за животна средина и просторно планирање за досегашната поддршка, довербата и партнерскиот пристап, во делот на управувањето со отпадот.