Прилепски „Комуналец“, ќе биде на врвот на својата задача за јавна хигиена по повод одбележувањето „100 години Прилепска пиварница“
По повод овој значаен јубилеј за прилепската економија прес конференција одржаа генералниот директор Сашко Самарџиоски и градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески. Менаџментот од Прилепска пиварница најавува над 20 илјади посетители да присуствуваат на прославата на која ќе настапат врвни музички имиња. Ќе се конзумираат сите видиови пиво, но и безалкохолните пијалаци од пиварницата. Пред, за време и по завршување на јубилејната прослава за јавната хигиена ќе се грижи Јавното претпријатие „Комуналец“. По теркот на Пиво фест, и за овој голем настан комуналните работници изготвија Оперативен план, за да можат во целост да ја оправдаат својата работа пред прилепчани по завршување на манифестацијата, кога остануваат купишта отпадоци што е нормално за вакви големи настани. Заради јавна безбедност не е препорачливо да се поставуваат канти и контејнери за отпадоци каде има присуство на многуброен народ. Но, да ги информираме граѓаните дека до штандовите за продажба на пијалаци, пиварницата обезбеди контејнери за селекција на лименка и Пет амбалажа, каде граѓаните ќе можат да ги одлагаат овие корисни отпадни материјали.

Јавното претпријатие и „Прилепската пиварница“, се договорија дел од трошоците кои ќе ги направи јавното претпријатие да бидат финсиски исплатени од пиварницата, односно работа на ангажираните работници во недела и други трошоци. Воедно, менаџментот од Прилепската пиварница, побара работата околу јавната хигиена да биде беспрекорно извршена, а со ангажман на Заводот за здравствена заштита ќе се извршува и дезинфекција на јавните површини, со цел на своите сограѓани да им овозможат чиста и здрава животна средина по завршување на прославата.
За време и по одржувањето на вакви големи манифестации кои се случуваат во централното градско подрачје поделени се мислењата на граѓаните. Едните сметаат дека големите музички и културни настани се одлична можност за забава и релаксација на граѓаните, додека други мислат и изразуваат свои ставови дека ваквите манифестации воопшто нетреба да се случуваат под превезот и „грижата“ за јавната хигиена. Некои одат дотаму што ги користат социјалните медиуми да ги критикуваат како организаторите, така и јавното претпријатие „Комуналец“. Забави, прослави, фетивали на пивото, културни и спортски настани се случувале, случуваат, и ќе се случуваат во и околу градов. „Комуналец“, е секогаш на терен и подготвен да изврши услуга и на големи настани како овој, кога нашиот познат светски Бренд за производство на најпознатите пива и безалкохолни пијалаци слави 100 години постоење со успешна, чесна и коректна работа.

Вработените од „Комуналец“, им го честитаат јубилејот и посакуваат понатамошна успешна сторија на бреднирани производи, кои даваат посебен белег и име на Прилеп и прилепчани!
Граѓаните ги повикуваме да се забавуваат и прославуваат заедно со славеникот, а за јавната хигиена тука е тимот од највредните комунални работници.