Жалоста на градските липи

Вака изгледаат наутро тротоарите и парковите низ градов. Распослани искршени гранки и лисја, комуналци кои наместо да ја работат својата дневна работа, собират гранки и лисја од уништените липи.

Во обид да се заработи денар повеќе, несовесни граѓани не размислуваат дека со кршењето на гранките создаваат голема штета врз 50 годишните липи. Врз липите доколку не е применето правилно кастрење за нивни зачувување, со ваквото оштетување( кршење) доаѓа до нивно сушење.

И покрај обидите да се спречат берачите на липов цвет преку ден да не се оштетуваат липите, несовесни граѓани од дневно кршење, преминаа на ноќна работа, нанесуваќи огромни штети на липите од дрворедите и парковите.

Инаку, белите дробови, зеленилото и единствениот украс на булеварите низ градов, се од времето на постоењето на ЗИКОТ, или, како што милуваат повозрасните прилепчани да кажат, од времето на Роче.

Градов располага со 1395 листопадни дрвја по дрворедите низ градов, а вкупниот број на зимзелени и лиостопадни дрвја дрвја во парковите и ЈПП е 4239.

Можеби ќе ви се допадне