Заврши изградбата на стационар за кучиња

Завршија активностите за изградба на стационар за кучиња.

Истиот е веќе комплетно направен, по сите стандарди и прописи за изградба на објекти од ваков карактер. Изградена е амбулантна просторија за нивен прифат, лекување и хируршки интервенции. Покрај веќе постојните три лица во шитерскиот оддел, овој месец ќе се вработи и лекар – ветеринар, кој ќе ја води сета потребна грижа за заловените кучиња скитници. Конечно, кучињата скитници ќе добијат стручен, професионален и пред се хуман третман.

Стационарот е изграден за само 4 месеци.

Можеби ќе ви се допадне