Започнува засадување на есенско цвеќе

Комуналците од денес започнуваат со есенско засадување на цвеќе од сортите темјанушка, хризантема и мини роза. Ќе се разубавува центарот на градот,  алеите во паркот  на Могилата, кружниот тек кај поранешен Солидност, населбата Димо Наредникот и помали жардењерски делови низ градов.

Посебно внимание ќе се посвети на жардењерите во населбата Димо Наредникот, каде  покрај засадувањето на есенско цвеќе,  ќе се обновува и тревнатиот дел и ќе се врши естетско обликување на зимзелените и грмушкасти растенија.

Прилеп е, еден од ретките градови каде се води грижа за естетското уредување  на градот и зеленилото.

Можеби ќе ви се допадне