Започна миењето на сообраќајниците и тротоарите низ градот, апел до возачите и пешаците да бидат стрпливи и коректни

ЈКП „Комуналец“, започна со темелно миење на сообраќајниците и тротоарите во градов. Заради ниските ноќни температури и неможноста оваа операција да се извршува во ноќните часови, се информираат граѓаните дека миењето на улиците ќе се одвива од 06.00 часот наутро, па се до пладневните часови.

Граѓаните да бидат стрпливи, посебно возачите на автомобили, зашто оваа операција ќе потрае подолго време, се додека улиците не бидат комплетно исчистени од остатоците од зимското одржување и наталожената прашина. Разбирливо е да се јавува одредена нервоза кај граѓаните, но истите треба да се воздржат од реакции спрема вработените од „Комуналец“, зашто првото миење и чистењето на се она што остава зимата зад себе е најтешката операција за нив.

Генералното чистење низ градов ќе се одвива месецов по Програма за работа, која предвидува извршување на повеќе оперативни работи, со цел да се постигне висок степен на чистота низ градот и здрава животна средина.

Можеби ќе ви се допадне