Започна есенското кастрење и сечење на проблематични дрвја

ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, започна со кастрење на дрвјата низ парковите, а ќе се продолжи и со есенско кастрење на дрвјата по дрворедите.

Воедно, ќе се работи и на целосно сечење на стари проблематични дрвја по проценка и издадено Решение од Комисијата за сечење на дрвја по јавно прометните површини.

Кастрењето и сечењето се подолготрајни и едни од потешките операции кои ги извршува ,,Комуналец,,. Се замолуваат граѓаните да имаат разбирање, а посебно возачите да бидат стрпливи и да не ги паркираат автомобилите доколку забележат дека на местото ќе се работи на кастрење или на сечење проблематични дрвја.

,,Комуналец,, одржува 3415 листопадни дрвја, 1070 зимзелени дрвја и 844 нискостеблести зимзелени украсни растенија.

Можеби ќе ви се допадне