За габаритен отпад јавете се на 048/428-992

Ова се фотографии од совесен граѓанин направени вчера во доцните вечерни часови, по исфрлањето на мебелот од неговиот сосед.

Ова на фотографииве е мебел (габаритен отпад) кој бил сопственост на несовесен граѓанин, а исфрелен на ул„Александар Македонски“ последен собирен пункт за отпад кај егејските згради.

Габаритниот отпад е подигнат рано утрово од службите на Комуналец, но сликата и визулениот изглед на минувачите и посетителите на Прилеп, влијае на општата слика за Прилеп, во делот на чистота и подигање на отпад.

Ги замолуваме граѓаните, по незнам кој пат, дека за габаритниот отпад можад да се јават на тел.048/428-992, и истиот да им биде подигнат од домот, без да се мачат да го исфрлаат неконтролирано и без да ни создаваат ваков неубав изглед во близина на собирните пунктови за отпад, со што влијаат на имиџот кој го ужива Комуналец, кај граѓаните.

Можеби ќе ви се допадне