Информативната железна – лимена табла поставена на крајот од куќите под касарна, а со порака да не се исфрла отпад, СЕ УКРАДЕ. На местото се надонесе купишта отпад.
Иако депонијата под касарна на крајот од куќите се чисти редовно, овој празен простор постојано се затрупува со разноразен отпад. Стари алишта, градежен материјал, биоразградлив градинарски отпад, отпад од домаќинство, и што ли уште не, чистеа денеска комуналците од дивата депонија под касарната.
И покрај апелите од комуналците, загадувањето и нагрдувањето на животната средина никако да престане. Уште еднаш да информираме дека комуналниот отпад во било која количина, доколку е правилно спакуван во вреќи, го собира ,,Комуналец,, со редовната неделна линија. Секој четврток бесплатно од домовите се собира габаритен отпад со најава на телефон 048/428 992. За градежниот шут и отпадот од градење се користат контејнери од 5м3 и трактор со приколка од 3 м3.
Со организираниот начин на собирање, транспортирање и депонирање на отпадот, сиот отпад, освен селектираниот, треба да заврши во депонијата Алинци, а не во околината на Прилеп.
По пеколните температури, комуналците ќе продолжат со чистење и на други диви депонии, по проценка на приоритет и ризик од стручните служби.