На настанот кој се организира во Скопје, а по повод започнувањето на проектот „Поттикнување на овозможувачката средина за пријавување корупција во јавните претпријатија”, кој го реализира ИСИЕ и Амбасадата на САД, се изврши потпишувањето на Декларацијата за антикорупциски практики и политики во јавните претпријатија. Декларацијата ја потпишаа 36 директори и овластени лица на јавни претпријатија, а на настанот беа презентирани главните наоди и ресурси подготвени преку проектот. Декларацијата ја потпишаа и директорите на трите јавни претпријатија од Прилеп, Рубинчо Абрашоски директор на ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, Игор Гулабоски директор на ЈКП„Водовод и канализација“, и Зоран Јовески директор на ЈП за ПУП.

На настанот свое обраќање имаше и г-дин Ерик Мејер, Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, како и професорите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и соработници на ИСИЕ: проф. д-р Мишо Докмановиќ и проф. д-р Дарко Спасевски, кои дадоа свој придонес и поттик да се создаде поволна средина и да им се овозможи на граѓаните и вработените во јавните претпријатија да пријавуваат корупција во јавните претпријатија.
Проектот „Поттикнување на овозможувачка средина за пријавување корупција во јавните претпријатија”, е финансиран од Амбасадата на САД.