Третман и/или уништување на опасен отпад

Почитувани,

Со цел да Ви помогнеме во добрите намери за собирање, складирање, третман и/или уништување на опасен отпад, Ве замолуваме да го погледнете следниот линк.

https://biznisregulativa.mk/mk-MK/Eksperts/AktuelnoDetail/19

 

До ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, во последно време почести се прашањата за собирање, складирање и третман на опасен отпад. Ги информираме менаџерите од бизнис секторот дека Комуналец постапува само по однос на собирање, транспорт и депонирање на комунален отпад, инертен отпад и индустриски неопасен отпад.

Опасниот отпад е дефиниран со ЕУ Директивите, законските прописи на САД кои ги регулира EPA- Environmental Protection Agency и националните прописи од областа на животната средина (поточно Законот за отпад) Опасен отпад е секој отпад кој според својот состав или концентрации на опасни супстанции што ги содржи може да предизвика опасност по животната средина, животот и здравјето на луѓето а воедно има едно или повеќе опасни својства/карактеристики.

Како примери на опасен отпад кои може да се сретнат во Вашата компанија ги посочуваме следните (во заградата е дадена шифрата на отпад): или погледнете ја целосната Листа на видови на отпад на страната на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Машинско масло (12 01 19*), употребени восоци и масти (12 01 12*), мазут и дизел гориво (13 07 01*), бензин (13 07 02*), отпадни хидраулични масла (13 01- сите типови), отпадни трансимисиони масла и масла за подмачкување (13 02 – сите типови), отпадни масла за изолација и за пренос на топлина (13 03-сите типови), филтри за масло (16 01 07*), отпадни води кои содржат опасни супстанции (16 10 01*), отпад што содржи масло (16 07 08*), оловни акумулатори (16 06 01*), никел кадмиумски батерии (16 06 02), батерии што содржат жива (16 06 03*), трансформатори и кондензатори што содржат ПХБ (16 02 09*), антифриз што содржи опасни супстанци (16 01 14*), искористени возила (16 01 04*), стакло, пластика и дрво што содржат или се загадени со опасни супстанции (17 04 04*), растворачи (20 01 13*), киселини (20 01 14*), бази (20 01 15*), фотохемикалии (20 01 17*), пестициди (20 01 19*), батерии и акумулатори (20 01 33*), дрво што содржи опасни супстанции (20 01 37*) и други.

Можеби ќе ви се допадне