СООПШТЕНИЕ!

ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, ги информира и замолува граѓаните кои имаат неплатен долг од 6 и повеќе сметки, но и должат по основ на правосилни платни налози кон „Комуналец“, да се јават во седиштето на ул„ Александар Македонски“ бр:302, (стара цвеќара), со цел да склучат Договор за отпалата на заостанатиот долг на рати.

„Комуналец“, ќе врши утужување на секој заостанат долг, а со тоа врз товар на граѓаните ќе паднат и сите други трошоци поврзани со поднесувањето на тужбата за неплатениот долг.

Со овој повик и молба, „Комуналец“, уште еднаш им излегува во пресрет на граѓаните и ги потсетува на нивните обврски, со цел да не бидат изложени на дополнителни трошоци, а имаат можност да ги одбегнат со склучување на Договор за отплата на долгот, кон Јавното претпријатие.

За информации граѓаните да се јавуваат на тел: 048/428-992

Можеби ќе ви се допадне