Со голема комуналска акција, светна комплексот „Езеро“

Денеска, комуналците спроведоја голема акција за чистење на Спортско рекреативниот центар „Езеро“. Исчистени се сите пешачки патеки, спортскиот терен, паркинг местата, зелените и земјените површини. Се чистеја отпадоци, огромни количини на борови шишарки и иглици, остатоци од градежни материјали, се израмнија земјените површини, а комплетно се исчистени и околните зелени површини.

Со оглед на престојниот викенд, кога овој комплекс го посетуваат голем број на наши сограѓани, се замолуваат истите да внимаваат на чистотата, а отпадоците да ги одлагаат во многубројните корпи за отпадоци, или во контејнерите.

Во интерес на сите нас е да ги зачуваме природните убавини како и инфраструктурата.

Можеби ќе ви се допадне