По рамнењето на теренот околу Дабнички канал, комуналците започнаа со засадување на дрвја од видот Албиција. Најпрво се засадува едната страна од кај типската населба. Планирано е со засадувањето на дрвјата да се формира зелен појас околу каналот и овој со години нерешлив проблем со нечистотијата во и околу каналот етапно да се реши.
Несовесни граѓани со години го користат каналот за исфрлаање на разноразен отпад, а со озеленувањето и формирањето на дрворед, од „Комуналец“ се надеваат дека оваа лоша навика и практика на поедини граѓани ќе престане.