Се осовременува возниот и машинскиот парк во управувањето со отпадот.

Најголемото инвестирање во 2020 година, е планирано за возила, машини и опрема од 26.000.000 денари. Дел од срествата се од ИНТЕРЕГГ ИПА Програмата, и од други одобрени проекти, а дел се финансиски средства од „Комуналец“ и Локалната Самоуправа.

По набавката на новата 50 тонската автоматска преса, комуналното возило за одвоз на отпадни селектирани материјали, се набавуваат и вилушкари и помошни средства за складирање и утовар на балиран отпад за потребите за одделот за селекција на отпад. Во 2019 и 2020 година вкупната инвестиција за потребите на селекцијата е околу 140 илјади евра. Со автоматската преса во многу е олеснета работата на работниците, при што нивната улога е само контролна. Воедно, пресата заменува 9 работници за кои е најдено соодветно место за работа во истиот оддел.

Да напоменеме дека за собирање на куќниот отпад, набавено е ново комунално возило кое се очекува да пристигне неделава. Планот за 2020 година е да се набават уште три комунални возила од кои едно е подигнувач за контејнери од 5м3 и нова цистерна за кои постапките за набавка се во тек. Средствата се обезбедени од Локалната самоуправа и „Комуналец“. Со принципот на набавка од 3-4 комунални возила годишно во 2022 година комуналците планираат во целост да се замени дотраениот возен парк, со нов.

Можеби ќе ви се допадне