По набавката на ново возило за подигање на отпад од 7м3 со вредност 61.000 евра, ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, набави уште два нови трактори за подигање на отпад од јавно прометните површини и подигање на габаритен отпад од домаќинствата во вредност од 21 илјада евра.
„Комуналец“ ја напушта старата практика за набавка на половни возила, и планот на менаџерскиот тим е исклучиво да се вложува во нови возила.
Од Проект аплициран и одобрен од страна на Локалната самоупрва до крајов на месецов се очекува да се распише јавна набавка за ново комунално возило од 13м3 со проценета вредност од 100.000 евра. За 2020 година од општинскиот буџет и расположивите средства од „Комуналец“ планирано е да се набават уште две нови комунални возила, транспортно возило Кипер, кој ќе служи за потребите за транспорт на отпад од диви депонии и други потреби и возило Цистерна за миење на улиците.
По критиките кои со години ги трпи „Комуналец“ дека возилата истекуваат и оставаат нечист исцедок по улиците, „Комуналец“ и Локалната самоуправа се решија да го обноват возниот парк и расположивите средства да ги користат за обновување на возила за основната дејност, подигање транпосрирање и депонирање на отпад.