ЈКП„Комуналец“ и пред да се донесат мерките на Владата за редовно чистење и миење на улиците во општините, согласно оперативниот сопствен годишен распоред, извршуваше и извршува редовно миење на улиците со преден млаз од цистерна и рачно темелно миење.
Неделава, „Комуналец“ го започнува третото темелно миење на улиците, со цел да овозможи здрава и чиста животна средина во општинава, посебно во овие услови кога треба да се води поголема грижа за чистотата на јавно прометните површини.