Пред престојниот Пиво Фест, комуналците ги косат сите влезови во градот. И покрај големите обрски кои ги имаат, но и дополнително непредвидени работи од вчерашните поројни врнежи, комуналци се решени градот и околината да блеснат до Пиво Фест.
Се коси обиколницата од Железничка станица до населбата “Варош”. Под косената трева излегува сиот отпад, кој несовесните граѓани наместо да го одложат во домашната канта, го исфрлаат без да водат сметка за штетите што ги предизвикуваат. Од оперативно – техничкиот оддел на “Комуналец”, најавуваат дека голем дел од работното време ќе се потроши на собирање попатни отпадоци, но сепак комуналците како и во повеќе наврати ќе бидат на висина на задачата, а градот ќе блесне во полн сјај пред фестивалот на пивото.