Се исчисти дива депонија во населбата Козле

Со апел до жителите да не се исфрла повеќе отпад во населбата и да внимаваат на својата животна средина, „Комуналец“ чистеше дивата депонија веднаш до куќите.

Почест проблем на комуналците е пристапноста до овие диви депонии, кои најчесто се најдуваат во и околу скелиња за сушење на тутун. По чистењето на големите депонии околу градов, Комуналец во акција да ги исчисти и сите помали депонии низ градов и населените места.

Можеби ќе ви се допадне