Под еден од најубавите паркови и парк шуми во градов, Паркот на револуцијата, несовесни граѓани неконтролирано исфрлиле секаков вид на отпад. „Денеска се чистеја овие диви депонии, но ќе остане мал дел за чистење каде е непристапно на местата каде што има поставено скелиња за сушење на тутун.“
„Комуналец“ е со намера годинава да се справи со сите диви депонии, иако веќе поголемиот дел се целосно исчистени. Останува на граѓаните кај нив да се разбуди свеста и совеста за зачувување на природата, и за било кој отпад и во било кои количини да се обраќаат до службите на „Комуналец“.