По подолг период ЈКП „Комуналец“ го оспособи ископаниот бунар за технолошка вода на старите градски гробишта. Исталирана е пумпната станица, а во тек е инсталирање на водоводна мрежа за технолошка вода.
Планирано е да се постават неколку чешми на повеќе локации низ гробиштата. Во договор со Локалната самоуправа и Противпожарната служба од градот, главниот хидрант ќе се користи и за полнење на возилата од службата. Ова со цел, доколку се појави потреба за полнење на возилата на тој реон, возилата од противпожарната служба да се полнат од најблиските хидранти низ градов.
Работите за инсталација на водоводната мрежа и поставување на чешми е во тек, а според информациите од надлежните од „Комуналец“, комплетното инсталирање ќе заврши за еден месец.
Комуналец, во своја сопственост има 22 бунари, од кои досега се оспособени 12, а онаму каде старите пумпни станици кои не биле во функција се заменети со нови, додека на дел е направено целосно сервисирање.