Започна изградбата на парк со детски реквизити за релаксација и забава за потребите на деца со церебрална парализа. Паркот ќе опфати патеки, тревнати површини детски реквизити и клупи за одмор.
Паркот се гради во соработка со Локалната самоуправа, а моментално се работи на поставување на заштитната ограда. Изградбата на паркот треба да заврши до крајот на месец ноември.