„Комуналец“ привршува со активностите за уредување на детскиот парк. Се доработуваат детските базени кои се полнат со ситна просена песок за игра на најмладите.
Воедно, околу детските реквизити се заштитува со песок за да не дојде до повреда на бетонските подлоги каде се поставени и анкерисани реквизитите.
До празникот „11 Октомври“ планирано е да завршат сите активности околу уредувањето на овој простор.