Комуналците ја чистат запоставената пешачка патека и скалишниот простор кои водат покрај Градскиот стадион до Градската болница.
Граѓаните, овој простор го користат како скратена патека. И покрај многубројните тековни обврски кои во моментов ги имаат комуналците, одлучено е да се направи темелно чистење на овој простор.
Паралелно се работи и на отстранување на диви депонии околу Работничкиот универзитет.
Апел до граѓаните да бидат стрпливи по барањата за чистење и на неколку други запоставени локации, зашто „Комуналец“ ги има мапирано сите диви ѓубриште, и истите ќе бидат исчистени.