Се чисти огромна дива депонија на локалитетот Скаменета Баба

Се чисти огромна дива депонија, локацијата е мапирана на светската карта за одржување на болдеринг

Над 2 километри во должина и повеќе од 1500м3 отпад, е исфрлен од несовесни граѓани. Локацијата е лево од патот за вештачкото езеро, односно по колскиот пат кој е единствен пристапен пат до атрактивната локација за одржување на светски натпревари во болдеринг, односно кај прочуената карпа Скаменета Баба. Со оглед на акумулираниот отпад, чистењето на оваа дива депонија ќе потрае.

Дивата депонија, каде најмногу се одлага градежен шут и отпад од градење, но и друг комунален отпад, е вистински срам за Прилеп, зашто болдеристи од повеќе европски држави редовно доаѓаат на локалитетот Скаменета Баба, и освен убавите спомени кои ги споделуваат од убавината на градот, и необичните гранитни карпи кои ги доведуваат до воодушевување, често на нивните профили споделуваат и како изгледа околниот пејсаж со премногу отпад. Тие ги критикуваат несовесни граѓани кои не се грижат за природните убавини, но често ги критикуваат и властите зошто не најдат начин да ја сузбијат оваа појава и да го заштитат како што велат Тие ,, Природното богатство кое го имаат прилепчани, а незнаат да го ценат и чуваат, туку го валкаат со отпадоци и го нарушуваат визуелниот изглед под чудата од гранитни карпи,,.

Од Локалната самоуправа и „Комуналец“, даваат ветување дека во иднина после чистењето на овој непроценлив и често посетуван локалитет од странски туристи- болдеристи, ќе водат повеќе грижа за чистотата.

При теренската посета за припрема на чистење на оваа локација беше забележан и граѓанин, кој на прашањето што прави, ни рече дека не фрла само тој, туку тоа го прават многу граѓани кои доаѓаат со трактори, камиони и запрежни коли и истураат најразновиден отпад.

Останува препораката до граѓаните, дека иако е на финасиска штета на јавното претпријатие, сиот отпад, вклучително градежниот, да се транспортира до депонијата во Алинци, каде не се НАПЛАЌА НИТУ ДЕНАР за депонирање.

Можеби ќе ви се допадне