Во соработка со Ромското население од населбата Тризла, деновиве комуналците работат на чистење на дива депонија под Марковите кули.
Ова е ново создадено жариште со купишта разноразен отпад расфрлан по целата површина на крајот од дивата населба под кулите. На помош во работата на комуналците им пристигнаа и млади лица од Ромското население кое самоиницијативно се вклучија во чистењето на депонијата.

Уште еднаш да напоменеме и апелираме дека „Комуналец“ го подига сиот отпад од домаќинствата, без оглед на количината и е вклучен во цената на комуналната услуга, освен градежниот шут кој се наплаќа дополнително, и за кој е потребно да се изврши пријава и нарачка од „Комуналец“ на контејнер од 5м3 или трактор од 2м3.
„Комуналец“ изразува благодарност до Ромското население кое се вклучи во чистењето на дивата депонија.