Со засилени работни екипи, механизација и транспортни возила, најмаку 10- ина дена ќе се прави генералка во населбата Тризла. Акцијата започна во петокот, а во првата фаза ќе се чистат дивите депонии низ улиците во населбата, по ова, повторно ќе се врши чистење на големите депонии позади касарната и патот за Дабница.
На улицата Дебарца која граничи со Београдска се исчисти косината, на која се вршеше сечење и чистење на капини, шипови и големи колични на отпад. Само од ова место до депонијата Алинци беа транспортирани 20 сет трактори со ѓубре, гранки и градежен шут.
Денеска екипите работат на улицата Тризла и улицата Ердован Шабаноски, каде се чистат диви депонии.
Во втората фаза, заедно со Локаланата самоуправа, ќе се чисти Дабнички канал, во кој глетката е повеќе од разочарувачка.
Од Комуналец, се аплира сиот отпад без разлика за колакава количина станува збор, да се собира и да се предава на редовната линија за собирање на куќен отпад. Единствен отпад кој не го собира Комуналец со редовната линија е градежен шут и земја, за кој граѓаните се должни да се обратат до службите, по што ќе им се испорача контејнер од 5 м3.