Иако е една од поурбанизираните населби во општинава, и типската населба не е поштедена од помали диви депонии кои ги прават несовесни граѓани.
Домашен комунален отпад: шишиња од јогурт, пластични чаши, остатоци од храна,конзерви, отпад од градини и бавчи, па дури и искористена тоалетна хартија се исфрлени до стадионот со вештачка трева, каде секојдневно тренираат деца и младинци.
Престојнава пролет комуналнитe работници ќе имаат полни раце работа, иако овој отпад кој се чисти од помалите диви депонии несовесните граѓани само требало да го одложат во сопсвената канта за отпад.