Почитувани,
По снимениот материјал објавен на веб страната од политичката партија „Левица“, а објавен и од некои медиуми, каде се обвинува ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, дека на ул.„Трајко Николоски“ бб, во населбата „Сточен пазар“ има направено депонија, ја информираме јавноста дека согласно Законот за управување со отпад, за посоченото место е издадена дозвола за вршење на дејност складирање, третман и /или преработка на отпад од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Истовремено, јавноста треба да знае дека овој плац комуналното претпријатие го користи од 1973 година.
Во Законот за управување со отпад се вели: „Преработката на отпадот се операциите утврдени со член 29 (каде се регулираат постапките), а кои имаат за цел да се искористат употребливите материи и состојки од отпадот, каде рециклирањето на отпадните материјали е приоритет и обврска на општините“.
Во истиот член 6, за кој од „Левица“ велат дека ќе бараат негово укинување, од оваа политичка партија се зафатиле да третираат област која не ја владеат и за која немаат доволно информации. Имено, во точка 41 од истиот член стои: „Складирањето претставува времено чување на создадениот отпад во објекти кои ги исполнуваат пропишаните услови за таа намена, за период пократок од 3 години, доколку складираниот отпад е наменет за третман и за преработка, или за период пократок од една година, доколку отпадот е наменет за отсранување“.
Да побараш укинивање на одреден член кој не си го ни навел, а при тоа да не предложиш, објасниш, да дадеш своја идеја како подобро во моментов да се управува отпадот и тоа само пред избори, и сите тогаш знаат како се управува со отпад, но само до нивното завршување.
Кога по однос на заштитата на животната средина, зборуваат против јавното претпријатие и против Локалната самоуправа, од „Левица“ треба да знаат дека Прилеп е меѓу ретките градови во државата, каде во градот и населените места е воведена селекција по принципот „врата до врата“, дека Прилеп единствен град каде на секој чекор ќе сретнете контејнери за селекција на различни видови отпадни материјали, каде секоја година се вложува и усовршува селекцијата.
Почитувани од „Левица“, Ја загрозуваме ли животната средина со тоа што во 2017 година се слектирале 4.917 тони, во 2018 4.643 тони, а во 2019 – 5.279 тони?
Ја загрозуваме ли животната средина за тоа што отпадниот материјал на дневна основа се доселектира и балира, а се состои од ПЕТ амбалажа, сите видови отпадни пластични материјали, отпад од пакување, кои не ја загрозуваат животната средина и кои не се разложуваат во природата и до 1.000 години?
И за крај, ја загрозуваме ли животната средина со тоа што Општина Прилеп рециклирачките отпадни материјали ги искористува за повторна употреба, не ги транспортира до депонијата Алинци, која согласно закон не смее да се пали, а која досега ќе беше огромна планина за која не ќе знаевме што со нејзе?
ЈКП „Комуналец“ е секогаш спремно да слуша критики, предлози и идеи кои се во согласност со законот, но да земеш камера во раце и да снимаш отпаден материјал кој чека негово селектирање, да кажеш дека тоа е депонија, е крајно некоректно, невкусно и претставува манипулирање на граѓаните.
И да напоменеме дека Општина Прилеп сеуште слектира отпад, онолку колку што селектираат сите општини заедно на ниво на држата, вклучително и Градот Скопје. За тоа од Министерството за животна средина имаме признание дека ги покриваме голем дел од обврзувачките проценти за посебните видови категории на отпад, кои пак, ни се таргетирани од Европската унија и како поставени таргети ќе бидат на маса во преговорите со ЕУ.