Расцветаните јапонски цреши рај за очите и душата

Секоја пролет на популарната „Цветна улица“ во градов владее розовата боја. Магијата од розовиот цвет ја има и во парковите во центарот на Прилеп. Богатиот цвет на црешата кој е еден од најубавите во природата, прошетките под црешите и утринското кафе во чаршијата, создаваат несекојдневни чувства кај прилепчани и посетителите.
Јапонските цреши се користат како солитер на зелените површини, во групи, или како улично дрво, а ефектот кој што се постигнува ги прави најпосакувани за садење на јавните површини.

Прилепските цреши ги одржува јавното претпријатие, „Комуналец“, и вложува напори да ги одржи во кондиција со редовно полевање, кастрење и фито заштита.

Можеби ќе ви се допадне