Прилепски Комуналец на врвот на својата задача и на овогодинешниот Пивофест

По сите убавини кои се случуваат на пивофестовските забави, останува комуналците да исчистат се она што многубројните посетители оставаат зад себе, со цел убавините кои ги нуди централното градско подрачје да се доведат во првобитната состојба, како и ништо да не се случуавало пред тоа. Задача на комуналците е до 7 часот наутро централното градско подрачје да биде со врвна чистота. Покрај ова, секое утро како и вообичаено се перат сите главни улици низ градот.

Од рани зори единицата за селекција на отпад најнапред собираат се она што може да се рециклира. Додека пак, единиците метачи и паркови и зленило пристапуваат кон темелно метење и миење на плоштадите, улиците, тротоарите и зелените површини. По ова, се врши транспортирање и депонирање на собраниот отпад во депонијата Алинци.

Горди на својата работа,на постигнувањата и пофалбите кои ги имаа од посетителите, комуналците остануваат на заложбата градов да го држи приматот за најчист град, и да биде пример во државава како и за големи манифестации може да се постигне врвна хигиена и чистота.

Остануваат три дена од одржувањето на најголемата пивска манифестација, денови кога сите ќе слават, а Комуналец ќе биде на задачата да овозможи чиста и пријатна средина за пивското дружење со врвни музички имиња.

Од Комуналец, како и секоја година ги замолуваат граѓаните да не го омаловажуваат фестивалот со најразлични погрдни коментари околу чистотата, кога и самите се сведоци на хигиената која континуирано се одржува години наназад, а на која ни позавидуваат сите посетители. Впрочем, сликите говорат сами за себе, колку и како е чист Прилеп, иако дневно прима и по неколку илјади посетители.

Можеби ќе ви се допадне