Прилепската празнична приказна

Прилепчани 8 дена пред Нова Година ќе ја живеат Прилепската празнична приказна.

Камерниот оркестар од Битола, Владо Јаенски, Љубојна, Наум Петрески, Пајак, Тајфата и многу други македонски изведувачи ќе настапат на Новогодишниот базар на Плоштадот во Прилеп. Организатори на новогодишните осум деневни забави се Општина Прилеп, и ПИ „Витаминка“, а во соработка со локалните угостители, организираниот Новогодишен базар, ќе понуди беспрекорна празнична атмосфера, со богата понуда на новогодишни производи, ракотворби, храна и забава за сите генерации.

Со цел настанот да помине во пријатна и уредна средина, ќе биде спроведено континуирано извршување на јавната чистота за време на целиот период на одржување на базарот. Надлежните служби ќе се грижат за редовно собирање на отпадот, поставување и празнење на корпи за отпадоци, како и за одржување на хигиената на јавните површини пред, за време и по завршување на настанот.

Ги повикуваме сите посетители и учесници да придонесат кон зачувување на чистата животна средина, со одговорно однесување и правилно одлагање на отпадот, со што заеднички ќе придонесеме Новогодишниот базар во Прилеп да биде пример за убаво организиран, чист и успешен настан.

Оваа година, Прилеп ќе живее во вистински празничен дух, со богата програма, многу изненадувања, музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.
Градоначалникот Дејан Проданоски изрази посебна благодарност до компанијата „Витаминка“, покровител на Новогодишниот базар, која одбележува 70 години постоење, а сега ќе внесе волшебство и празнична магија во прилепскиот базар.

Сложно и заедно сите прилепчани да ја испишеме најубавата Прилепска празнична приказна!

Можеби ќе ви се допадне