Прилеп, заради состојбата со Ковид -19 симбилично го одбележува „Денот на планетата Земја“

Денес 22 април, во овие тешки денови за целата планета се одбележува „Денот на планетата Земја“. Целта на одбележувањето е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, неразумно исфрлање на отпад, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Повеќе од половина од светското население живее во градовите, бидејќи бројот на жителите во урбаните средини се зголемува, а последиците од климатските промени се влошуваат, нашите градови мора да еволуираат. Општина Прилеп и ЈКП„Комуналец“-Прилеп, во својата Програма и годинава ќе работат на пидобрување на условите за живеење во Урбаните заедници, пред се на чистотата и изградба и обновување на парковски површини и засадување на дрвја и украсни зимзелени растенија. Сите сили во општинава се насочени во борбата со дивите депонии и нивно чистење. Планот е до крајов на годинава да се исчистат сите околни диви депонии и истите да се затворат со постојан надзор и поставување на табли со пораки. Или, Прилеп, го продолжува повикот од Обединетите нации за „Зелени градови“, како глобално движење.

Обединетите нации препорачуваат да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот. Пандемијата со која во моментов живееме, нека ни биде поука дека имаме една планета на која има живот , а ние сме должни да и овозможиме да ни дава живот.

Можеби ќе ви се допадне