Прилеп подготвен за Пивофест 2022

Со врвна чистота, Прилеп утрово, подготвен да ги прими многубројните посетители на „Пивофест2022“.

Чисти тревници, улици, тротоари и плоштади, и организирани мобилни екипи кои ќе се справуваат со сиот создаден отпад за време на одржувањето на четирите фестивалски вечери.

Праксата изминативе години покажа дека ЈКП„Комуналец“ – Прилеп, може и знае да се носи со одржувањето на хигиената пред, за време и по одржувањето на фестивалот, кога по сиот создаден хаос, градот се доведува во првобитната состојба како и ништо да не се случувало.

Така ќе биде и годинава. Директорот Рубинчо Абрашоски, најавува дека дневното одржување ќе биде како и во секој обичен ден, но по полноќ, по завршувањето на сценските настапи, комуналните работници веднаш ќе започнуваат со работа, со цел до 8 часот утрото да се постигне врвна чистота и хигиена во градов.

Од 14 до 17 јули, прилепчани и многубројните посетители ќе уживаат во ладното пиво, вкусната храна и убавата музика. Додека пак, комуналните работници се подготвени да им овозможат на прилепчани, но и на посетителите врвна чистота за да уживаат четирите фестивалски денови.

Можеби ќе ви се допадне