Прилеп летово ќе блесне во сите цветни бои

Комуналците го доуредуваат централното градско подрачје. По поставувањето на баз трева во жардењерскиот дел од булеварот, се засадуваат рози во сите бои.

Од „Комуналец“, најавуваат дека етапно се оплеменува централното градско подрачје и булеварскиот дел, со цел градот во топлите денови да биде пријатно место за прошетки, одмор и релаксација.

Засадени се и дрвја на местатата каде се пресекоја старите и дотраени липи.

Поставена е комунална нфраструктура, клупи и корпи за отпадоци, а граѓаните се тие кои треба да внимаваат на сите убавини, и правилно да ги одлагаат отпадоците.

Можеби ќе ви се допадне